| четврток, 6 декември 2018 |

Преработувачката индустрија во поповолна економска состојба

индустрија

Економската состојба во фирмите од преработувачката индустрија и бројот на вработените во април во однос на март годинава, како и споредено со април лани, се поповолни, покажува оценката на раководителите на фирмите.

Според податоците од Државниот завод за статистика,  индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во април во однос на март годинава е за 0,1 процентен поен поголем во однос на претходниот месец, а во однос на април лани е зголемен за 3,5 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во април 2015, во однос на март 2015 година, е поповолна, резервите на готови производи сe зголемени, а очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во април годинава изнесува 63 проценти од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на прозводството имаат недоволната странска побарувачка со 25,3 проценти, недостигот на квалификувана работна сила со 25,3 проценти, недоволната домашна побарувачка со 24 проценти и финансиските проблеми со 5,8 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top