Денови на македонската култура, со наслов „Допирот на Македонија (Dodir Makedonije)“ се одржуваат во Белград од 15 до 29 мај.
Манифестацијата беше отворена вечерва со изложба на Друштвото на ликовни уметници Македонци во Србија. Во саботата, на вечерта на македонска етно музика, настапија гости од Македонија и изведувачи на македонска традиционална музика од Србија. Во неделата беше организирана ликовна работилница на која уметниците Ирена Дурлевиќ и Синиша Новески цртаа со јавни личности од Белград.
За вторник е планирана поетска вечер „Везилка“ на македонски поети и нивни пријатели од Србија, а в среда ќе биде прикажан филмот „Балканкан“ на режисерот Дарко Митревски.
В четврток, 21 мај, пак, ќе биде организирана вечер на класична музика со македонски оперски солисти, а наредниот петок во Библиотеката на Град Белград ќе се одржи свечена академија за свети Кирил и Методиј.
Во галеријата „Прогрес“ на 25 мај ќе биде отворена изложба на скулптури на Синиша Новески, а манифестацијата ќе заврши на 29-ти месецов со Македонска вечер во Домот на армијата во српската престолнина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.