Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ од источниот регион ги прават последните подготовки за вечерашниот митинг за поддршка на Владата.
Претседателот на штипскиот комитет Никола Мицевски вели дека од Штип попладнево во 17 часот и 30 минути за Скопје ќе заминат 45 автобуси и околу 70 автомобили полни со членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ. Од центарот на истокот се очекуваат 2.500 штипјани да присуствуваат на вечерашниот митинг.
Мицевски вели дека овој собир ќе биде моќен одговор на сценаријата за дестабилизација на државата и истовремено ќе биде повик за стабилна и силна Македонија.
Раководствата на општинските комитет на ВМРО-ДПМНЕ од источна Македонија велат дека не очекуваат да имаат проблеми со карваните кои ќе тргнат попладнево за Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.