Трет ден молк од Радмила Шеќеринска за мега скандалот со затајување данок. По наводите кои отвораат сомнеж за сериозен криминал тежок над 330.000 евра, на Бихаќка владее молк. Како што објавува Press24 , сопругот на заменик претседателката на СДСМ во периодот од 2009 до 2013 година самиот на себе си изнајмувал 4 станови, сопственост на неговото семејство, за суми кои се неколкупати повисоки од реалните на домашниот пазар на недвижности.
Сопругот на Шеќеринска, Божидар Јанковски, за станот на улицата Хаванска во Скопје, месечно од фирмата Дајнерс, каде има функција на управител на личната сметка си префрлал по 5300 евра . Само за овој стан, во периодот од 4 години, сопругот на Шеќеринска успеал да извлече од фирмата Дајнерс неверојатни 203 илјади евра пишува Press24.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.