Американските медиуми викендов објавија дека режисерот Дејвид Линч, сепак, ќе ги режира новите епизоди на серијата „Твин пикс“.
Иако пред еден месец познатиот режисер Дејвид Линч објави дека се повлекува од снимањето на продолжение на култната телевизиска серија од 90-тите години на минатиот век „Твин пикс“, тој се премислил и сепак ќе ги режира новите епизоди на серијата.
Имено, Линч на својот профил на Твитер објави дека постигнал договор со продуцентската куќа „Шоутајм“ и дека ќе ја режира целата нова сезона на „Твин пикс“, кој ќе има повеќе од претходно најавените девет епизоди.
Премиерата на новите епизоди се очекува во 2016 година, а во нив улогата на агентот Дејл Купер повторно ќе ја толкува Кајл Меклахлан.
Сценариото на новите епизоди на „Твин пикс“ го потпишуваат Линч и Марк Фрост. Проблемот околу продолжението на серијата настана кога „Шоутајм“ соопшти дека поради пораст на трошоците нема да им исплати дополнителни хонорари на авторите на „Твин пикс“, по што Линч најави дека се повлекува од проектот.
„Твин Пикс“ премиерно се емитуваше на телевизијата „Еј-Би-Си“ во 1990 и во 1991 година, а во 1992 година беше снимен и филмот „Твин пикс: Огнот оди со мене“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура