| четврток, 6 декември 2018 |

Претепани и ограбени уште двајца сириски емигранти

policija-2

Во петокот, на 15 мај, околу 19 часот, во градскиот парк во Куманово, банда од пет непознати лица нападнале двајца Сиријци, М.А.(25) и Б.А.(17), при што им одзеле рачен часовник, 500 евра и гардероба.

Од страна на СВР Куманово по преземени мерки, пронајден е и приведен Б.А.(20) од Куманово, а по вториот осомничен С.А.(26) и уште три засега непознати лица се трага.

Кај Б.А. е пронајден рачниот часовник и за него е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за разбојништво и од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена. Емигрантите се сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top