Во петокот, на 15 мај, околу 19 часот, во градскиот парк во Куманово, банда од пет непознати лица нападнале двајца Сиријци, М.А.(25) и Б.А.(17), при што им одзеле рачен часовник, 500 евра и гардероба.
Од страна на СВР Куманово по преземени мерки, пронајден е и приведен Б.А.(20) од Куманово, а по вториот осомничен С.А.(26) и уште три засега непознати лица се трага.
Кај Б.А. е пронајден рачниот часовник и за него е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за разбојништво и од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена. Емигрантите се сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти