| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ во морска операција на Средоземно Море

Europaflagge

Министрите за одбрана и за надворешни работи на земјите од ЕУ ќе се сретнат денеска во Брисел за да го усвојат планот за ангажирање воени бродови и авиони во борбата против трговијата со луѓе на Средоземно Море, по големиот број бродоломи во кои загинаа стотици емигранти, пренесува БТА.

Најавената амбициозна операција на ЕУ, која почнува следниот месец, предвидува испраќање воени бродови и авиони до брегот на Либија, чиишто води станаа центар на хуманитарните несреќи, а во последните месеци се пред вратите на Европа.

Планот на Унијата, исто така, предвидува и евентуално уништување на шверцерските бродови пред тие да стигнат до бреговите на Европа, иако тоа подразбира со резолуција на Советот за безбедност на ОН да биде поддржана ваквата акција.

– Главна точка денеска ќе биде усвојување одлука за почнување операции на ЕУ на море, со цел да се разбијат криминалните мрежи кои шверцуваат луѓе преку Медитеранот – изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

Таа верува дека по денешната одлука на министрите ќе постои поголема веројатност ООН да усвои резолуција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top