Македонскиот ракометен шампион и трет тим во Европа, ЖРК Вардар го доведе првото засилување за следната сезона.
Се работи за пикерот Андреа Човиќ, која доаѓа од редовите на хрватскиот шампион Подравка.
Таа потпиша тригодишен договор и доаѓа на местото на Шпанката Бегоња Фернандез, која го напушта Вардар и сака да ја заврши кариерата.
Човиќ беше прогласена за најдобра ракометарка во финалето на Купот на Хрватска постигнувајќи 10 гола кога со нејзиниот стар тим го осигура пехарот, а го освои и домашниот шампионат.
– Се решивме за млада и перспективна ракометарка која допрва треба да „експлодира“ и да го покаже и потврди својот квалитет. Пикерската позиција сезонава ни беше една од дефицитарните позиции, и со својата младост веруваме дека одлично ќе се вклопи во системот на работа на Вардар и ќе внесе свој белег во следните клупски резултати – вели извршниот директор Давор Стојаноски, за официјалниот веб-сајт на ЖРК Вардар.
Човиќ од 2008 година е дел на тимот на Подравка. Ги мина сите младински селекции на Хрватска, а сега е на списокот на селекторот Горан Мрѓан и во сениорската репрезентација.
Освен титулите и куп трофеи со Подравка во првенството на Хрватска, Човиќ од 2009 година игра и во Лигата на шампионите. Сезонава постигна 12 гола, а најмногу, пет токму против Вардар во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Подравка“ повлекува дел од замрзнатите производи заради сомнеж за можно микробиолошко отстапување
-
Вардарки тргнуваат по историска победа против Ѓер: Добро е што играме со нив, имаме шанса да им вратиме
-
Одложени дуелите на Вардар со Гевгелија и Овче Поле
-
Убедлива победа на „црвено-црните“ – Вардарки го „разбија“ Битигхајм