| четврток, 6 декември 2018 |

Кларинетистот Ристо Ѓоревски на фестивал за славјанска музика во Москва

Кларинетистот Ристо Ѓоревски кој имаше солистички настап на 11-от Московски меѓународен фестивал за славјанска музика, вчера во Москва настапи и заедно со пијанистката Елена Атанасовска-Ивановска, изведувајќи дела и од македонски автори.

На концертот учествуваше и дувачкиот квинтет на московскиот Бољшој театар. Македонските уметници учестуваат и како членови на меѓународното жири на комисиите за дувачки инструменти и за пијано во рамки на фестивалот.

Московскиот меѓународен фестивал за славјанска музика годинава е посветен на четири држави меѓу кои и Република Македонија.

Ристо Ѓоревски настапи на свеченото отворање на фестивалот, а се претстави со светска праизведба на композицијата „Седумка” на Дамир Имери. Беше придружуван од Московскиот државен академски симфониски оркестар под раководство на Павел Коган, под диригентска палка на Александар Сиднев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top