| четврток, 6 декември 2018 |

Медиумите од регионов за протестот: Фијаско- на протестите во Македонија излегоа 18.000 луѓе

И покрај помпезните најави на опозицискиот лидер Заев кој најави историски протест во престолнината на Македонија, се испостави дека македонскиот народ не ја поддржува неговата политика, туку смета дека Заев на влас се обидува да дојде „со црно сценарио и деструктивна политика“, наместо да понуди квалитетна програмска платформа и конкретни проекти, пишува српскиоте портал “Телеграф. рс“Во организација на највлијателниот опозициски Социјал демократски сојуз на Македонија (СДСМ), на Зоран Заев на кој опозициските сили најавуваа и очекуваа 100.000 граѓани, доживеа крах бидејќи пред зградата на владата на Никола Груевски не се појави ни петтина од очекуваната маса, продолжува медиумот.Дури и оние кои денеска излегоа на улица да му дадат поддршка на Заев изразија незадоволство поради тоа што неговиот претходник Бранко Црвенковски организираше многу поголеми собири и протести, како оној од 2010 година на кој се собраа 50.000 луѓе.Патиштата се блокирани, а во земјата владее атмосфера на поделеност на нацијата, што се огледа и во протестот на владејакчата ВМРО-ДПМНЕ на премиерот Никола Груевски кој е закажан за утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top