| четврток, 6 декември 2018 |

Станишев на митингот на опозицијата во Скопје ниту еднаш не спомна Македонци

Претседаталот на европските социјалисти и поранешен премиер на Бугарија, Сергеј Станишев говореше на митингот на опозоцијата во Скопје и ниту еднаш во својот говор не го спомна зборот Македонци.
Со тоа Станишев потврди дека не ги признава македонскиот народ и македонскиот јазик.

stanishev

Сергеј Станишев зборуваше 15-тина минути и секогаш кога се обраќаше кон насобраните ги користеше зборовите пријатели, луѓе од државата Република Македонија, но никогаш Македонци.

Станишев важи за за еден од најконтроверзните балкански политичари, кому пред само неколку месеци Европскиот парламент му го одзеде пратеничкиот имунитет за да дозволи неговата земја да покрене обвинение против него поради губење на тајни документи.

Кога се во прашање неговите ставови кон Македонија, познато е дека тој не ја признава македонската нација и македонскиот јазик. Како потврда за неговите антимакедонски ставови говорат и податоците дека Станишев во неговиот мандат како премиер не дозволуваше регистрација на македонската организација ОМО Илинден Пирин, измислувајќи илјадници причини за да не биде регистрирана.

Воедно, Станишев беше и лице кое во бугарските медиуми се споменуваше во контекст на тешки финансиски афери, корупција, мега скандали со европски средства, издавање државна тајна и слични скандали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top