| четврток, 6 декември 2018 |

Иџе продолжува да ја „гази“ конкуренцијата, четири од четири оваа сезона

Македонскиот автомобилист и актуелен европски шампион Игор Стефановски- Иџе продолжува со импресивното возење оваа сезона и е на добар пат да ја одбрани европската титула. Тој на четвртата трка од овогодинешниот европски шампионат возена во Португалија оствари нова победа и се зацврсти на врвот на табелата со максимален ефект од четири победи.

Иџе до четвратата победа дојде благодарение на импресивното возење во првата и втората трка и со вкупен резултат 4:44,407 минути направи недостижна предност и за 210 стотинки го остави зад себе најголемиот конкурент Лукаш Војачек, додека третопласиран беше Никола Миљковиќ.

Следната трка од шампионатот е за две седмици кога на програмата, викендот 29/31 мај се вози трката крај Јаходна во Словачка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top