Египетските власти воведоа ограничување за жени кои од таа држава сакаат да патуваат во Турција, соопшти полицијата, по воведувањето на слични ограничувања и за мажите со цел спречување да се придружат кон Исламска држава
Жени на возраст од 18 до 40 години сега мораат да добијат безбедносно одобрување пред заминувањето за Турција, изјави полициски претставник без да прецизира причина за мерката.
Мерките стапиле на сила во четвртокот. Безбедносно одобрување за мажите е воведено во декември и се однесува на Либија и на Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.