| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца кичевци заработија кривични пријави за насилство

насил
Полициската станица Кичево поднесе кривична пријава против кичевците Н.Ц.(31) Е.Ц.(24) и Е.З.(25) поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“.Пријавените, на 3 мај годинава околу 16:40 часот на ул.„11-ти Октомври“ во Кичево пред зградата каде Е.Б. живеел и физички го нападнале удирајќи го со клоци и разни тврди предмети нанесувајќи му телесни повреди по што успеал да избега во својот дом.

Од полицијата информираат дека пријавените насилно влегле во станот каде било неговото семејство и тука повторно го нападнале Е.Б. задавајќи му уште неколку удари со дрвен предмет по целото тело. Е.Б. повторно успеал да им избега на тројцата пријавени кои набрзо се приведени во ПС„Кичево“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top