Граѓаните на Скопје утре во 20 часот пред Собранието на РМ, масовно и одлучно да се приклучат на големиот митинг за поддршка на стабилна и силна Македонија, повика денеска Ивица Коневски, претседател на Градскиот Комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, во име на сите градоначалници на општините во Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалниците од коалиционите партнери на ВМРО-ДПМНЕ.
-Собирот во понеделник ќе упати неколку јасни пораки, Македонија е нашата татковина која заслужува стабилност, просперитет и подобра економска иднина. Овој собир ќе даде јасно до знаење дека само преку демократски избори народот одлучува кој ќе биде власт, а кој опозиција во нашата држава. Граѓаните јасно и гласно ќе кажат дека се против насилните демонстрации и црните сценарија за дестабилизација на Македонија. Ги повикуваме граѓаните на Скопје, Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Бошњаци, Власи на мирен собир, со кој ние сите заедно ќе покажеме дека Македонија ни е премногу важна, за некој да се обидува да и наштети само за да ги оствари тесните партиски и лични интереси. Во понеделник во 20 часот пред Собранието на Република Македонија, преку масовна поддршка како никогаш досега народот одлучно ќе даде до знаење дека не се согласува со деструктивната политика на опозицијата што штети на националните интереси и интересите на граѓаните. Граѓаните сакаат силна, стабилна и просперитетна Македонија и тоа сите заедно ќе го покажеме во понеделник. Ќе покажеме дека Македонија е силна и овојпат ќе ги надмине овие предизвици со кои се соочува – истакна Коневски.
Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, побара граѓаните со своето масовно присуство на утрешниот собир да дадат поддршка за развојот на градот, за нови паркови, булевари, уредени плоштади, ушилишта, инвестиции, фабрики и фирми, за отворање нови работни места, за ново, просперитетно Скопје.
– Утре да ни се придружите на големиот народен митинг, да дадеме поддршка на се што е досега направено за Скопје, за невидениот развој и за она што допрва ќе се реализира – подвлече Трајановски.
Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски, апелира, независно од националната, верска и етничката припадност, граѓаните со својата излезеност утре јасно да покажат дека сакаат мир, стабилност, соживот, безбедност и екононмски просперитет.
– Дојдете утре за да се види колку не има, дека сме многу повеќе од оние што се обидуваат да воспостават марионетска власт преку насилни, вонинституционални методи – рече Јакимовски.
Градоначалникот на Шуто Оризари Елвис Бајрам апелира Ромите масовно да го поддржат утрешниот собир за сузбивање на, како што нагласи, проблемите кои некој сака да ги наметне.
На прес-конференцијата присуствуваа и градоначалниците Жика Стојановски, Петре Латиновски, Сокол Митревски, Тони Трајковски…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.