| четврток, 6 декември 2018 |

Грција нема да го плати долгот кон ММФ ако не добие пари од кредиторите

грција
Грчкиот премиер Алексис Ципрас предупреди дека Атина нема да го плати долгот од 750 милиони евра кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), што доспева овој месец, доколку не добие дополнителни средства од меѓународните кредиторите, објави атинскиот весник „Катимерини“.Весникот наведува дека ваквото предупредување до кредиторите Ципрас го дал во писма упатени на 8 мај до претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, директорот на ММФ, Кристин Лагард и до првиот човек на Европската централна банка, Марио Драги.

Грчката Влада засега не ги коментираше ваквите тврдење на „Катимерини“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top