| четврток, 6 декември 2018 |

Почна саемот за деца и семејство

Дружење и забава со Трајче Георгиев и Златните Славејчиња, омилените детски маскоти и живи рептили, разни спортски активности, забава за најмалите, многу насмевки, весели и распеани дечиња, ваква беше вчерашната слика на официјалниот почеток на Саемот за деца и семејство, организиран со цел да ги обедини најмалите, да ги усреќи најсреќните и израдува родителите.

11101446_10205024962438346_1556893467_o

Денес забавата продолжува, а сите посетители имаат можност да учествуваат во играта на лојалност и да освојат патување за целото семејство во Дизниленд во Париз, телевизор, тaблети, велоспеди или други вредни подароци на кои ќе се радуваат и големи и мали.

11265889_10205024793274117_157530746_o

Денес на програмата, предвидено е да настапат училишни хорови и други секции од училиштата, златните славејчиња, а сите посетители ќе имаат можност да се дружат со омилените детски маскоти и живи рептили.

11286498_10205024794554149_1183753446_o

Покрај тоа Републичкиот Совет за Безбденост на Сообраќајот на Патиштата ќе реализира едукативни предавања за децата-велосипедисти пешаците.

Саемот за деца и семејство ќе трае до утре, недела (17ти мај), а сите кои сакаат да го посетат се добредојдени во Скопје Сити Мол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top