| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски: СДСМ се подготвени да постават квислиншка, марионетска власт

stevcho-jakimovski-Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски изјави дека Зоран Заев и СДСМ веќе неколку месеци ја држат Македонија во политичка агонија.

-Наместо да се направи исчекор земјата да излезе од криза, Заев во континуитет, на насилен и дволичен начин долева масло на огнот со единствена цел: како најскоро да се добере до власта. Се разбира, на крајно компромитирачки, деструктивен и нелегитимен начин, газејќи ги сите демократски, политички и правни институции, со насилие и закани. Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ го повикува лидерот на СДСМ и неговите „другарчиња“ кои сесрдно го поддржуваат во оваа општа деструкција и разнебитување на државата, да престанат со скандалозните серијали за „Вистината за Македонија“ зашто, сакал тој или не, вистината има и друга страна, која полека ја спознаваат сите разумни граѓани во земјата- порача Јакимовски.

– Во овој момент во Република Македонија е битно кој е подготвен да се спротистави на обидите на лицата кои се подготвени да постават квислиншка, марионетска власт, а ГРОМ и јас лично не сме подготвени во тоа да им помогнеме. Да не случајно мислите дека членовите на ГРОМ ќе ве подржуваат во вашите незаконски дејствија и вашиот налудничав поход да се прогласите себеси за премиер, а веројатно вашиот брат Вице, за гувернер на Народната Банка на Македонија?- додаде лидерот на ГРОМ.

Според јакимовски, откако во Струмица го исцица државното земјиште, на Заев му се потребни нови територии за да додаде уште некоја нула на богатството на кланот Заеви на нему својствен рекетарски начин. Според него, Заев е човек со мал демократски капацитет, кој бара оставка на владата, и не само оставка, туку и преодна влада, во моменти кога не е подгвотвен да свика ниту една обична седница на Советот во неговата Струмица за да им ја објасни на граѓаните тактитката на неговотот земање на мито.

-Она што Заев го нуди на Македонија како алтернатива се рекетарски шеми и освета, а не иднина. ГРОМ уште еднаш му укажува на Заев дека државата се брани преку институциите на системот, а не преку скандали и насилни сценарија кои нему ќе му се вратат како бумеранг- порача Стевчо Јакимовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top