| четврток, 6 декември 2018 |

Лиле Поповска бара смена на обвинителот бидејќи со докази за кражба на артефакти беше осуден нејзиниот зет за сестра

lileЛиле Поповска лидерот на ДОМ во повеќе наврати излегува со порака да се смени јавниот обвинител Зврлевски.

Нејзиниот последен политички чекор беше излегување од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, при што беше објаснето дека излегувањето на ДОМ од коалицијата ќе помогне да се реши длабоката политичка криза во која западната Македонија. Но, зад ваквите чекори не стои логична политичка причина туку личен интерес на  претседателката на ДОМ Лилјана Поповска.

Имено нејзиниот зет за сетра Перо Јосифовски е осуден на затворска казна од 8 години и 8 месеци заради музејската кражба во акција која ја направи МВР. Во март месец оваа година седумтемина обвинети за случајот со кражбата на 162 артефакти од Музејот на Македонија, кој беше откриен лани во февруари, во Основниот суд Скопје 1 се осудени на затворски казни, пишува Нетпрес.

Поранешниот директор на музејот Перо Јосифовски и зет од сестра на Лилјана Поповска, за отуѓување на културното наследство и злоупотреба на функцијата доби затвор од 8 години и 8 месеци.  Откако овој случај излезе во јавноста Лиле Поповска злоупотребувајќи ја позицијата практично вршела секојдневен притисок врз обвинителството кое го процесуирирало овој случај.

Според нашите информации таа барала да се излезе во пресрет и нејзиниот зет за сестра да биде иземен или да се третира под олеснителни околности. Обвинителството наспроти константинте притисоци на Поповска не подлегнало на ваквите барања и максимално професионално си ја вршело работата. Во  судската постапка се докажало недвосмислено дека зетот на Поповска учествувал во кражбата на музејски артефакти. Откако паднала пресудата Поповска водена од лични а не државни интереси излезе со барање за смена на обвинителот.

– Сметаме дека разврската треба да почне со оставка на Јавниот обвинител, враќање на опозицијата во Парламентот и избор на нов обвинител, со консензус на сите политички партии во Парламентот, изјави тогаш Поповска.

Таа со барањето на смена  оди намерно и свесно против обвинителот кој врз основа на докази делувал и неможел  а да не го обвини очигледно вмешаниот зет на Поповска во овиој криминален случај.

Коментарите на многумина членови и од ДОМ се дека Лиле Поповска партијата ја  третира како свој приватен субјект и поради нејзини семејни интереси излегува со општи политички ставови кои ги прикажува како ставови на целата партија, без претходно консултирање ниту согласност. Откако неуспела во нејзините притисоци и не се реализирале нејзините барања, да се занемарат доказите и да се прогледа низ прсти на нејзиниот зет Јосифовски, таа излезе со ставови против обвинителството.

Излегувањето од коалицијата беше проследено со длабоко несогласување на членството кое во најголемиот дел ја напушти партијата. Меѓу нив беше и самиот генерален секретар на ДОМ Стево Темелковски кој премина во ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top