Српската тенисерка Ана Ивановиќ и германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер неодамна тајно се венчале на тајна локација во присуство на потесното семејство и блиски пријатели на двајцата спортисти.
Оваа сензационална вест ја објави „Газета дело спорт“, а ја пренесоа и неколку други медиуми од светот, но, сепак, се уште нема официјална потврда.
Ана Ивановиќ на новинарите од „Тајмс“ само кусо им одговорила:
– Немам коментар.
Медиумите од Европа пишуваат дека Ана и Бастијан пред неколку седмици се видени во продавица за злато каде ги одбирале венчалните прстени. Како пренесеуваат, Ана веќе некое време е видена како ја носи брумата на рака.
Ана и Швајни се заколнале на вечна љубов на интимна утринска церемонија на непозната локација. На тајната венчавка присуствувале најблиските роднини од двете страни, како и неколку заеднички пријатели – пишува италијанскиот весник „Газета дело спорт“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Девојче (16) се омажи за 44-годишен маж: Сакав семејство, а тој е совршен за тоа
-
Хрватска двојка се чувала за брак: Место уживање, доживеавме ужас!
-
Осум години се во брак, а немаат секс: Еве зошто…
-
После разводот од тенисерот актерката се омажи за милијардер, а на венчавката се појави со предлабоко деколте