| четврток, 6 декември 2018 |

Обвинение за босанските борци во ИСИС

БиХ исисБосанското обвинителство обвини 12 државјани на БиХ осомничени за тероризам, односно дека се членови на организирани терористички групи и дека противзаконски учествувале во војните во Сирија и Ирак.

Во 2013 и 2014 година како дел од селефиската заедница на БиХ, 12-темината од повеќе градови,ја прифатиле радикална идеологија на ИСИЛ.

Тие организирано патувале во Турција, а од таму илегално во Сирија и Ирак. Таму повеќе месеци учествувале во терористичките активности.

-Обвинителството спроведе повеќемесечна детална истрага заедно со полициските и безбедносните агенции во БиХ, како и со партнерските агенции во борбата против тероризмот во светот- наведуваат од БиХ.

Така, најавени се 25 сведоци и експертски вештаци, а со обвинението се приложени и над 100 докази. При претресите на објектите кои ги користеле осомничените најдени се оружје, бомби, муниција, како и специфична војна опрема, чија што набавка и чување не е дозволено во БиХ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top