| четврток, 6 декември 2018 |

Во Украина забранети советските симболи

Lenin-statue-demolishedУкраинскиот претседател Петро Порошенко потпиша пакет закони со кои се забрануваат советски симболи и пропаганда од времето на комунизмот, соопшти неговиот Кабинет.

Тие закони беа усвоени минатиот месец од парламентот што предизвика остра реакција на Москва.

Законите забрануваат „советски симболи, осудуваат комунистички режим, отвораат архиви на советски специјални служби“ и официјално се признава улогата на една националистичка група која во средината на 20 век се борела за независност на Украина, а првично била на страната на германските нацисти и подоцна се бореле против нив и против советските трупи.

Со пакетот закони се забранува и истакнување руско знаме на територијата на Украина. Ќе се преименуваат плоштади и ќе се урнат статуи на Ленин. Законите забрануваат и нацистичка пропаганда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top