| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе мерки за спречување на откажувањата на резервациите

ohrid

Барање од странските амбасади да ги укинат препораките за претпазливост за патување во Македонија и упатување пораки од македонските амбасади во странство дека состојбата е стабилна и дека станува збор за изолиран инцидент, се дел од заклучоците на Советот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот на Република Македонија кој на денешната вонредна седница ги разгледуваше случувањата во туризмот со откажувања на резервации.

Меѓу заклучоците за намалување на влијанието на актуелната состојба врз туризмот е и реализација на промотивна кампања под слоганот Безбедна Македонија, по примерот на Хрватска, намалување на цените на аранжманите со цел зголемување на конкурентноста на пазарот и организирање промотивни тури за странски медиуми кои директно би ја пренеле состојбата во Макеоднија во земјите од каде што доаѓаат.

Директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Кристијан Џабазовски изрази загриженост за случувањата во Македонија и посочи дека тие може да влијае на намалување на атрактивноста на Македонија како туристичка дестинација.

– Од странските соработници Агенцијата доби известување за намалување на бројот на резервациите од Холандија, но дека аранжманите и чартерите за оваа сезона се одвиваат согласно предвидената диманика. Има откажувања на резервациите од земјите од соседството но дека тие засега се минимални и повеќето се од страна на индивидуалните туристи – рече Џамбазовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top