Германски пратеник Филип Мицфелдер во писмо упатено до премиерот Никола Груевски го осудува терористичкиот напад и посочува на обединетост во борбата против исламскиот фунтаменталистички тероризам.
– Моите мисли се со семејствата на убиените и ранетите полициски офицери и со народот на Македонија. Растот на меѓународниот тероризам е едно од големите зла на нашето време, кое и Германија и сите други, го осудуваме. Вашата борба против исламскиот фундамленталистички тероризам е нешто во што стоиме обединети, наведува во писмото Мицфелдер до премиерот Груевски.
Тој е уверен дека премиерот ќе и помогне на Македонија да продолжи да се развива и да оди напред.
– Имајќи ги предвид предизвиците и можностите кои доаѓаат, со задоволство ги очекувам вашите идни напори и ви посакувам се најдобро, наведува во писмото.
Покрај сочуството за терористичкиот напад минатата недела во Куманово, во писмото германскиот пратеник го честиташе и реизборот по четврти пат за лидер на партијата ВМРОД-ДПМНЕ.
– Под вашето раководство, вашата партија и Македонија постигнаа многу, но јас се надевам дека ќе ја видам Македонија како напредува кон Европската Унија и како ги реализира секојдневните потреби на граѓаните на Македонија. Секако, има и голем број предизвици со кои Вие, како лидер на партијата и Претседател на Владата ќе треба да се соочите, истакнува германскиот пратеник и изразува уверување дека ќе премиерот ќе продолжи напорно да работи и во иднина како и досега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Спречен терористички напад во Франкфурт
-
Паника на СП: Блокиран московскиот аеродром, човек лежи на под со експлозив на грбот
-
Терористички напад во Германија: Автомобил влета во топла луѓе, возачот се застрелал по инцидентот
-
Четири терористи од ПКК се убиени од турската воена авијација во Северен Ирак