Прво медиумите на Сорос објавуваа дека, наводно, службеници од Петтата управа контактирале со терористите, а сега викаат дека се преговарало со нив, пишува „Курир“.
За подлога беше пуштена оваа информација преку сателитетите на Сорос кои се наголемо платени да шират дезинформациии пред неколку дена, а сега како главна потпора се зема изјава на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дадена во емисија на „Алсат“ која во целост се испревртува и погрешно интерпретира, додавајќи целосно неточен контекст.
Тие пренесуваат дека наводно Ахмети во емисијата признал дека се преговарало за предавање на терористите, но вистината е дека Али Ахмети кажува дека одредени челнови од терористичката група притиснати од жестокиот одговор на македонската полиција, доведени до пред целосна капитулација, исконтактирале со него со единствено барање да им отвори коридор. Самиот Ахмети кажува дека тој такво нешто не можел да побара.
Тој им кажал: „Јас не можам да ви одговорам на ова ваше барање, да отворам кордор, ниту да влезам во разговори за такво нешто“. Потоа до Ахмети бил испратен сигнал дека терористите се подготвени да се предадат за што Ахмети го известил и премиерот Груевски, кој, според зборовите на самиот Ахмети, му рекол „не верувам дека тие ќе се предадат“. Што укажува на тоа дека ниту се преговарало со терористите ниту имало план за такво нешто. Од друга страна, од видеоснимките кои можеа да се видат се гледа дека како резултат на успешната акција на полицијата терористите се предаваат безусловно со кренати бели знамиња, пишува „Курир“.
Според „Курир“, ваквата лага е продолжување на бесрамното сценарио на пласирање на медиумите на Сорос: Тежинатата на оваа лажна информација е иста и со сите претходни лаги кои ги кажаа поврзани со кумановската акција за разбивање на терористичките група, а за кои се докажа дека се апсолутна невистина и измислица, како онаа дека има цивилни жртви, дека се пука во Арачиново, Тетово и Зајас, нешто што се испостави за апсолутно неточно. Ниту цивилни жртви имаше ниту пукање се случи во Арачиново и во Тетово.
Бранко Героски тврдеше дека терористите се всушност обични граѓани по тренерки и патики, а се испостави дека не само што најголемиот дел се со униформи на УЧК, туку и дека располагаат со тешко формациско оружје со кое се пукаше врз полицајците.
Ваквите лаги беа зачинети и со огромни навреди до македонските полицајци.
Сдсмовецот Тричковски посакуваше смрт за полицајците кои ја бранеа државата. Тричковски објави два статуса. Во првиот напиша:
Во вториот статус Тричковски напиша…
Шилегов ги исмеа полицајците…
Најчевска со навреди кон полицијата и одбрана на терористите…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.