Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска имаше средба со специјалниот претставник на Германија за Источна Европа, Турција и земјите – членки на ЕФТА, Ернст Рајхл, на која отворено и конструктивно се разговарало за длабоката политичка криза во земјата, како и за безбедносната ситуација, соопшти ДУИ.
Во соопштението се наведува дека Германија високо го цени чекорот преземен од страна на лидерите на четирите најголеми партии во земјата за иницирање на политички дијалог за решавање на кризата. Берлин исто така, силно ги поддржува евроатланските аспирации на нашата земја.
– Но, нашата земја ја очекуваат тешки предизвици кои бараат политичка храброст од страна на главните лидери и за ова, ДУИ е подготвена да даде конструктивен придонес како што и беше прикажано на состанокот на лидерите, се наведува во партиското соопштение.
Партиите, стои во текстот, треба да постигнат компромис преку консензус и конструктивен приод, а ДУИ работеше напорно за реализација на вчерашната средба и продолжува да работи со конкретни чекори за излез од длабоката политичка криза која ја зафати земјата.
Во соопштението ДУИ изразува надеж дека на состанокот во понеделник ќе се создаде потребната рамка за иницирање на вистински политички дијалог што ќе ја врати политичката стабилност и безбедност за земјата и за сите граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Али Ахмети: Избрани сме да носиме храбри и важни одлуки, а не да калкулираме
-
„Опомени“ за Османи и Ахмети за слабата излезност преку СЈО?
-
Ахмети: ДУИ има огромен придонес во менувањето на името на државата со цел доближување до ЕУ и НАТО
-
Ахмети-Курц: Дојде време заедно да ги изодиме последните чекори кон посакуваниот успех