Сулејман Османи Командант Суља, терористот кој ѝ избега полицијата, за РТ Косово изјавил дека целта на групата е создавање на албанска држава внатре во Македонија
Албанска држава по принципот на Република Српска во БИХ, објаснил Османи за РТ Косово, а пренесува Б92.
Тој не негирал дека групата имала материјални цели, пренесува порталот Албеу. Според неговите зборови, групата брои повеќе од 2000 борци и демантирал дека во Куманово биле, затоа што се платени.
Османи рекол дека не се предале, затоа што снемале муниција, туку затоа што еден од неговите соборци разговарал со некого по телефон и тој му рекол дека во населбата има претставници на ОБСЕ.
– Мислевме дека ќе нѐ преземе ОБСЕ, а не полицијата. Да знаевме, немаше да се предадеме, туку ќе се боревме до смрт, рекол Османи.
По апсењето бил приморан да го покаже местото на кое е сокриено оружјето од Гошинце, и тогаш успеал да побегне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст