| четврток, 6 декември 2018 |

Избеганиот терорист дава интервјуа по Косово: Не сме платеници, сакаме држава!

Three police officers injured in Kumanovo shooting

Сулејман Османи Командант Суља, терористот кој ѝ избега полицијата, за РТ Косово изјавил дека целта на групата е создавање на албанска држава внатре во Македонија

 Албанска држава по принципот на Република Српска во БИХ, објаснил Османи за РТ Косово, а пренесува Б92.

Тој не негирал дека групата имала материјални цели, пренесува порталот Албеу. Според неговите зборови, групата брои повеќе од 2000 борци и демантирал дека во Куманово биле, затоа што се платени.

Османи рекол дека не се предале, затоа што снемале муниција, туку затоа што еден од неговите соборци разговарал со некого по телефон и тој му рекол дека во населбата има претставници на ОБСЕ.

– Мислевме дека ќе нѐ преземе ОБСЕ, а не полицијата. Да знаевме, немаше да се предадеме, туку ќе се боревме до смрт, рекол Османи.

По апсењето бил приморан да го покаже местото на кое е сокриено оружјето од Гошинце, и тогаш успеал да побегне. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top