Кливленд кавалирс ќе игра во финалето на источната конференција во НБА- лигата по победата во шестиот натпревар со Чикаго. Коњаницата од Кливленд сигурно газеше и победи со 94-73, и тоа на гостински терен за вкупна 4-2.
Во западната конференција Хјустон славеше против Клиперси во Лос Анџелес со 119-107 и израмни на 3-3 во полуфиналната серија.
Мет Делаведова беше најефикасен кај Кливленд со 19 поени, а Леброн Џејмс имаше 15 поени и 11 асистенции. Кај Чикаго, Батлер прокнижи 20 поени.
Хјустон израмни на 3-3 благодарение на колективната игра. Шест кошаркари завршија со двоцифрен ефект меѓу кои најистакнат беше Џејмс Харден со 23 поени. Двајт Хауард запиша 20 поени и извонредни 21 скок, Смит имаше 19 поени, а Брејер на истите дополни и 10 скока.
Во редовите на Клиперс не помогна ниту извонредната партија на Крис Пол со 31 поен и 11 асистенции, а одличен беше и Блејк Грифин со 28 постигнати поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.