| четврток, 6 декември 2018 |

ДУИ и ДПА го поздравуваат почетокот на политичкиот дијалог

ДУИ и ДПА по денешната лидерска средба го поздравија, како што беше посочено, почетокот на политичкиот дијалог меѓу четирите најрелеватни политички партии во земјата.

Лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи не дадоа изјави по средбата, но пред медиумите зборуваат шефовите на нивните кабинети Артан Груби и Луан Треси.

– ДУИ, како што кажа и мојот колега од ДПА, го поздравува почетокот на политичкиот дијалог помеѓу четирите најрелевантни политички партии во Македонија со присуство и на меѓународната заедница. Се договоривме дијалогот да продолжи во понеделник, на 18 мај, кога заеднички ќе разговараме за рамка на политички дијалог, изјави Груби.

Треси посочи дека дијалогот продолжува и оти в понедленик најверојатно на маса ќе бидат точките за коишто ќе се разговара.

На средбата присуствуваа лидерите на најголемите четири политички партии во земјата ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, Никола Груевски, Зоран Зев, Али Ахмети и Мендух Тачи и амбасадорите на САД и ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав, како набљудувачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top