| четврток, 6 декември 2018 |

Усвоена декларација за ненасилно правење на протести, уште една средба в понеделник

Заврши првата лидерска средба, на која претседателите на четирите најголеми политичките партии во Македонија усвоија декларација за ненасилно правење на протести.

Денеска, како што и самите бевте сведоци, имавме разговор претседателите на четирите партии кои имаат најголема поддршка од граѓаните, на којшто разговор усвоивме една декларација за ненасилно правење на протести или било какво други собирања. Исто така разговаравме и за други теми, имаше различни идеи и предлози и на крајот договоривме да се видиме уште еднаш – изјави премиерот Никола Груевски по средбата.

Според него, тешко е да се даде кфалификација, дали оваа средба била успешна или не, но потенцираше дека ако се цени по донесената декларација, средбата може да се толкува како успешна, но доколку се гледа по други теми може да се толкува и како неуспешна.

На средбата како набљудувачи присуствуваа амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.

Лидерите на најголемите четири политички партии во земјата ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи закажаа повторна средба во понеделник во 13:30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top