Целиот разговор што се води во врска со изградбата на гасоводот што доаѓа од Турција, а минува низ Грција, е едно отворено прашање, изјави денеска портпаролот на грчката Влада Гаврил Сакеларидис.
– Грчката Влада се надева дека ќе се постигне договор, па така, во овие рамки, Грција да стане енергетска крстосница имајќи ја предвид и нејзината геополитичка позиција. Сметаме дека е значајно тоа што овој гасовод ќе минува и низ северните земји од Грција, како што е Македонија, а понатаму и низ другите земји, нагласи портпаролот на грчката Влада.
Сакеларидис рече дека грчката Влада искрено посакува да има енергетска соработка и со соседните земји, „со што ќе биде потпомогната грчката економија, а се разбира корист од тоа ќе имаат и соседните земји“.
Одговарајќи на новинарско прашање дали Атина ќе преземе некаква иницијатива во врска со последните настани во Македонија, портпаролот на грчката Влада повтори дека кај официјална Атина „постои вознемиреност за настаните во соседната земја и внимателно се следи овој случај“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција