| четврток, 6 декември 2018 |

Врховниот суд пресече: Ќе има фудбал во Шпанија

Во шпанската Примера дивизија остануваат да се одиграат уште две кола. Но, фудбалерите и клубовите најавија штрајк и незавршување на сезоната поради распределба на парите од телевизиските права.
Сепак Врховниот суд на Шпанија го суспендира штрајкот и денеска донесе одлука за довршување на сезоната.
Според судот, штрајкот е нелегален и играчите и клубовите мораат да се појават на фудбалските терени за да ја довршат фудбалската сезона.
Викендов е закажан дерби дуелот меѓу Атлетико Мадрид и Барселона во кој каталонскиот гигант може да ја осигура титулата.
За евентуален штрајк понатаму, предизвикан од новата распределба на парите од телевизиските права, ќе се расправа дополнително.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top