| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски манифест: Најавените протести за 17 мај да се одложат

мани

Здружението Македонски манифест го поддржува демократското право на мирен протест на секој поединец и група, но смета дека протестите на опозицијата закажани за 17 мај мора да се одложат за некоја блиска иднина.

– Последните застрашувачки случувања во Куманово, во кои од оружјето на терористите загинаа осум македонски бранители, фрла малку поинакво светло врз најавените протести на опозицијата закажани за 17 мај – се вели во соопштението.

Во овие крајно загрижувачки времиња за македонската држава, според нив, не смее со ништо да им се одзема вниманието на безбедносните сили, кои деноноќно мора да стојат на браникот на државата.

Од Македонски манифест ја повикуваат опозицијата и незадоволните граѓани да имаат свест и одговорност за опасностите со кои е соочена Република Македонија и да покажат разбирање и патриотизам во овие мигови кога нашата татковина е пред најава за сериозна дестабилизација.

– Не велиме дека протестите не треба да се одржат, ама убедени сме дека мора да се одложат за некоја блиска иднина. Важно е во овие две до три недели да станеме сигурни дека последниов пеколен терористички акт е изолиран случај, а не најава за нова војна, а потоа студентите, средношколците, незадоволните граѓани и опозицијата слободно нека го користат своето демократско право на протест – се наведува во соопштението од Македонски манифест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top