Брод со околу 300 емигранти муслимани рохинги мажи, жени и многу деца денеска доживеа несреќа крај брегот на Тајланд, пренесува БТА.
– Околу десет луѓе умреа за време на патувањето. Нивните тела ги фрливме во водата – изјави за новинарите еден од емигрантите на друг брод.
Околу 300 лица сме. Пловивме веќе два месеци. Сакаме да одиме за Малезија, но не успеавме да стигнеме до таму, изјави еден од емигрантите опкружен со десетици жени и деца.
Емигрантите на бродот поставиле црно знаме со натпис на англиски „Ние сме рохинги од Бурма“. Во близина нема ниту еден брод на тајландските поморски сили, кои трагаат по загубени емигранти во морето.
Неколку дена меѓународните организации предупредуваат за илјадници емигранти, загубени на отворено море. Шверцерите на луѓе ги напуштаат бидејќи се плашат од новата угнетувачка политика на Тајланд низ чии води традиционално минуваат патиштата за илегален транспорт.
Секоја година десетици илјади луѓе патуваат од Јужен Тајланд кон Малезија и понатаму, со цел да избегаат од бедата во Бангладеш или од насилствата, што се случуваат врз рохингите во Бурма. Според ОН, тамошното муслиманско малцинство е меѓу најсилно прогонетите во светот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.