| четврток, 6 декември 2018 |

Институтот по белодробни заболувања – Козле доби три апарати

ко

Институтот по белодробни заболувања кај децата – Козле денеска доби два полисомниграфи и еден апарат за неинвазивна вентилација.

Опремата, која е донација од Македонски телеком, ќе помогне при скенирање на опструктивна ноќна апнеа, следење и дијагностичка проценка на кардиореспираторните нарушувања, за побрза и поефективна дијагноза, како и третман на децата кои страдаат од заболување на белодробните органи.

Директорот на Институтот по белодробни заболувања кај децата – Козле, Оливер Зафировски, заблагодаруваќи се за донацијата, истакна дека таа е во интерес на сите деца од Република Македонија.

Институтот по белодробни заболувања кај децата – Козле е водечки Институт во државата, но и во регионот за комплексни респираторни проблеми кај децата. Целта на Институтот е да обезбеди целосна педијатриска нега на пациентите. Годишно згрижува 39.000 дечиња, од кои 4.000 се хоспитализираат, а 35.000 се лекуваат амбулантски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top