| четврток, 6 декември 2018 |

Заев прогласи победа во Струмица на социјалните мрежи

Зоран Заев, кандидатот за градоначалник на Струмица, прогласи победа во својот град и тоа на социјалните мрежи. На социјалните мрежи уште пред затворањето на гласачките кутии на фан-страницата за Зоран Заев на социјалната мрежа „Фејсбук“ пишуваше: „И покрај сите закани, притисоци, уцени што се правеа во текот на целиот ден и на сите гласачки места, Зоран Заев на неполн час пред затворањето на гласачките места води убедливо во Струмица со 8.220 гласови. Струмица знае и докажува на кого му ја дава довербата“.

zoran zaev FB

Во Струмица, според Државната изборна комисија (ДИК), одѕивот на граѓаните бил 69,17 проценти. Кандидат на ВМРО-ДМПНЕ за градоначалник на Струмица е Васил Пишев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top