| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар домаќин и фаворит за титулите во Купот

Од денеска до сабота Вардар ќе биде домаќин и прв фаворит за титулите во двете конкуренции на завршните турнири од ракометниот Куп на Македонија. Местото на одигрување ќе биде СЦ „Јане Сандански“ и СРЦ „Кале“ во Скопје.

vardar-kielce-6

 

Вардар во машка конкуренција е и бранител на трофејот по успехот на ланскиот турнир во Охрид, каде што во драматично финале го совлада составот на Металург. Вардарци важат за апсолутни фаворити за одбрана на трофејот, која ќе ја почнат со денешното полуфинале против Зомимак, со почеток во 19.30 часот. Пред тој меч ќе се игра првото полуфинале од 17 часот меѓу Металург и Пролет.

Утре на програмата ќе бидат полуфиналните пресметки во женска конкуренција во СРЦ „Кале“. ЖРК Вардар е апсолутен фаворит со вториот тим на истиот клуб, а ракометарките на Металург за финале ќе играат против Пелистер.

Мечот за титулата ќе се игра в сабота во СЦ „Јане Сандански“, со почеток во 15 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top