| четврток, 6 декември 2018 |

НАТО и Украина вознемирени поради руските планови за распоредување на нуклеарно оружје на Крим

НАТО 1

НАТО и Украина изразија загриженост од најавите на Русија за евентуално распоредување на нуклеарно оружје на полуостровот Крим, кој минатата година беше анектиран од Москва.

– Изразуваме длабока вознемиреност од изјавите на руското раководство за евентуално распоредување на нуклеарно оружје на Крим, бидејќи тоа ќе ја дестабилизира ситуацијата се наведува во заедничката изјава на Алијансата и Украина по седницата на комисијата НАТО-Украина во Анталија.

Претставник на руското Министерство за надворешни работи во март изјави дека Москва има право да распореди нуклеарно оружје на Крим, но не прецизира дали тоа ќе се случи.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека блиската соработка на Украина со НАТО ги проширува можностите на земајата сама да се заштити.

Тој наведе дека Алијансата ќе ја поддржи Украина во сферата на управување со армијата, кибер безбедноста и логистиката, а исто така ќе им помогне на ранетите украински војници

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top