| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ планира помош за Грција при евентуален „грегзит“

grcija

Европската унија планира исплата на финансиска помош за Грција, доколку земјата евентуално истапи од еврозоната, тврди американската агенција „Блумберг“.

Според весникот „Имерсија“, кој пренесува делови од анализата на Блумберг, европските земји веќе ја разгледуваат можноста за помош за Атина, со цел земјата да ги надмине последиците од евентуален „грегзит“, односно излез на Грција од еврозоната.

Весникот наведува дека Владата во Атина воопшто не очекува ваква помош од причина што не ни размислува за напуштање на еврозоната и за откажување од еврото.

Во анализата на Блумберг натаму се посочува дека грчкиот премиер Алексис Ципрас се обидува да ја обезбеди неопходната помош за да избегне банкрот на земјата.

Но, дури и да ја добие помошта, Европејците разгледуваат механизми за политичка и економска изолација на Грција при евентуален „грегзит“, со цел да ја заштитата еврозоната, смета агенцијата.

Блумберг наведува дека иако министрите за финансии на евроозната го поздравија напредокот на Грција на средбата на Еврогрупата, сепак тие и натаму се вознемирени, бидејќи Атина би можела да се откаже од спроведување на мерките чија имплементација е услов за исплата на пари на земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top