Американскиот државен секретар Џон Кери изјави денеска дека е критично важно за Русија да работи за прекин на огнот во источниот дел на Украина. Кери вчера во Сочи оствари средба со рускиот претседател Владимир Путин.
– Се наоѓаме во критичен момент за Русија и сепаратистите, кои треба да дејствуваат во правец на почитување на договорите од Минск, истакна Кери во Анталија, каде денеска ќе се одржи средба на министрите за надворешни работи од земјите на НАТО.
Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг повика примирјето веднаш да биде воспостевно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.