Австралиската глумица Кејт Бланшет веќе 18 години е во брак со театарскиот режисер и сценарист Енрду Аптон.
Таа го проморира својот нов филм „Керол“ во кој глуми лезбијка, а кога новинарот ја прашал дали е ова нејзин прв обид како личност со хомосексуална ориентација, таа одговорила
– На филм или во вистинскиот живот?
Кога била прашана дали тоа значи дека имала врска со жени, таа одговорила:
– Да, многу пати.
Убавата глумица, која има освоено два „Оскари“, никогаш претходно нема изјавено дека е заинтересирана за жени.
Кејт и Аптон имаат четири деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.