Баерн Минхен славеше победа на домашен терен во реванш дуелот од полуфиналето од Лигата на шампионите со 3-2 против Барселона, но со вкупен резултат од 3-5 каталонскиот гигант се пласираше во големото финале.
Триумфот од 3-0 на „Камп Ноу“ беше пресуден за баварскиот тим и неговиот предводник Пеп Гвардиола.
– Барселона го заслужи пласманот во финалето. Им честитам и се надевам дека ќе го освојат шампионскиот пехар во Берлин. Што се однесува до нас, направивме некои сериозни грешки во одбраната, што Барселона знаеше да ги искористи. Кога поведоа со 1-2 веќе беше јасно дека немаме шанси за финалето – изјави Пеп Гвардиола по синоќешниот меч со Барселона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


