„Република“ и денеска беше во Куманово. Во Долно Насеље разговараше со сопствениците на оптетените куќи и автомобили. Велат не знаеле за она што се подготвува. Да биле информирани, ќе ги однеле своите жени и деца надвор од населбата. Соговорниците, главно од албанска националност, велат дека со години живеат тука и постои соживот со Македонците во овој град. Тие немаат никаква поврзаност со лицата кои беа приведени и убиени во престрелката со полицијата. МВР во куќите каде што беа фатени терористите затече оружје и униформи на УЧК.
Владата формираше комисија за процена на оштетувањата на недвижниот и на движниот имот во местото каде што се одвиваше акцијата, која во рок од 7 дена треба да излезе на терен и да подготви и да ѝ достави извештај за процената на штета. Комисијата е составена од претставници на Владата и Општина Куманово. Владата зазема став да се изврши обесштетување на недвижниот и на движниот имот во висина од 100% од проценетата штета наведена во извештајот од комисијата.
На семејствата чиишто домови се оштетени во акцијата во мерка која не дозволува услови за престој во нив, Владата одлучи да им се обезбеди сместување во време на периодот потребен за санација на нивните домови или, пак, во истиот период додека трае санацијата да добиваат финансиски надомест за закуп на простории (кирија) за живеалишта. Владата одлучи на овие семејства да им додели и првична еднократна хуманитарна помош во висина од 100.000 денари по единица оштетен дом во мерка која не дозволува услови за престој.
Фото: Ѓорги Личовски (РЕПУБЛИКА)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст