Министрите за надворешни работи на Турција и на Грција, Мевљут Чавушоглу и Никос Коѕијас, ја поздравија одлуката на двете кипарски заедници да ги обноват преговорите за обединување на Кипар.
– Турција и Грција даваат целосна поддршка, меѓународната заедница дава целосна поддршка, 2015 година е добра можност, не сакаме да го пропуштиме тоа – изјави Чавашоглу.
Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис и новиот лидер на кипарските Турци Мустафа Аканчи синоќа постигнаа договор да ги обноват преговорите на 15 мај.
Претходно, турскиот министер за надворешн работи Чавушоглу изјави дека Турција и Грција постигнале договор околу повеќе мерки за зајакнување на безбедноста во Егејско Море.
Зборувајќи на заедничка прес-конференција со грчкиот колега Никос Коѕијас, кој се наоѓа во официјална посета на Турција, Чавушоглу не соопшти повеќе детали за планираните мерки.
Анкара и Атина имаат повеќедецениски спор за територијалните граници во Егејско Море.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова демократија: Нови разговори со Скопје, ако Сириза не успее да го ратификува договорот
-
Столтенберг му ја врачи поканата за почеток на преговорите за НАТО на Заев
-
Ристо Никовски: Почнуваме де факто ужас без крај, ова не е крај на проблемите
-
МД „Илинден“: Власта во Грција недвосмислено кажа дека Македонија може да влезе во ЕУ, но не и „македонизмот“