| четврток, 6 декември 2018 |

Почина прегазеното девојче од Лисиче

lenta-policija500

Деветгодишната Ема Радеска, која во петокот беше прегазена од автомобил додека се враќаше од училиште во населбата Лисиче, им подлегна на повредите.

Според информациите на „Дневник“, малото девојче беше прегазено околу 13 часот во петокот, на крстосницата од булеварот „12. Македонска бригада“ и „Сотир Томовски“.

Ема се враќала од училиште кога на неа налетал 52-годишниот М.С. со своето „пежо“.

Девојчето на повредите им подлегнало во 17 часот и 20 минути во неделата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top