| четврток, 6 декември 2018 |

КСС: Безбедносните сили покажаа како се брани својата држава

ксс

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) го осудува немилиот настан во Куманово, изразува сочувство до семејствата на загинатите полицајци и искажува голема благодарност за, како што соопшти, големата и херојска победа на безбедносните сили кои покажаа како се брани, чува и сака својата држава.

– Изразуваме длабоко жалење и сочувство до семејствата на загинатите бранители и никогаш нема да ја заборавиме нивната херојска жртва за Македонија, а воедно им порачуваме на нивните семејства и најблиски дека никогаш нема да бидат заборавени од македонскиот народ. На повредените полицајци им посакуваме закрепнување и што поскоро да се вратат кај своите семејства и на своите работни места – стои во соопштението на КСС.

КСС верува дека овој немил настан ги обедини сите по верска и етничка припадност и дека заедно ќе собереме сили за надминување на состојбите, во иднина да бидеме искрени и сложни во одбраната на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top