Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар попладне има можност да ја осигури новата титула во домашното првенство на меч против Шкендија, што ќе се игра во Кичево на неутрален терен и без публика. Поради терористичкиот напад во Куманово, мечот и целото претпоследно коло беа одложени, а кревката безбедносна ситуација ги принуди челниците на ФФМ да донесат одлука да се игра без присуство на гледачи.
Грешка на Вардар ќе очекува актуелниот првак Работнички и со евентуална победа против Металург да ја намали разликата во однос на лидерот на три бода.
Во дуел за престиж Ренова ќе му биде домаќин на Силекс. Сите три меча од 30. коло се играат денеска од 16,30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.