Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) изразува почит и поддршка кон македонските безбедносни сили, кои, како што наведуваат во соопштението, изминатите денови беа на висина на сопствената задача.
– Македонската полиција успеа да ја сочува сигурноста и вербата на граѓаните во институциите на системот, во насока на нивна целосна заштита – наведуваат од ССМ во соопштението.
Ги повикуваат сите фактори во општеството да застанаат во решителна поткрепа на мирот и стабилноста, и настаните кои се случија да останат позади нас.
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) се надева дека Република Македонија ќе продолжи на патот на просперитетот и дека гарант за тоа ќе бидат сите граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.